Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Јамал го потисна Бабајаро и постави нов рекорд во Лигата на шампионите

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Супер талентот на Барселона, Ламине Јамал, вечерва постави нов рекорд во фудбалската Лига на шампиони.

Со вечерашниот избор на тренерот Чави и фактот што Јамал беше во стартниот состав на Барса на гостувањето кај Порто, 16-годишниот фудбалер стана најмладиот стартер во историјата на најелитното европско натпреварување.

Јамал вечерва беше стартер со 16 години и 83 дена, со што го собори досегашниот рекорд на Селестин Бабајаро.

Нигериецот во ноември 1994 година беше стартер со 16 години и 86 дена и тоа во дресот на Андерлехт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни