Англија
Клоп: Можевме да освоиме повеќе титули, но…
Јирген Клоп во недела ќе го има „последниот танц“ на кормилото на Ливерпул, тим со кој ќе се збогува на „Енфилд Роуд“ во дуелот со Вулверхемптон.
Сигурно ќе има доста емоции со оглед на тоа што Германецот остави голема трага со своето присуство, успесите, титулите. Низ целиот негов мандат, престој клубот беше компетитивен, се бореше за трофеи, а на крајот билансот е осум голем трофеи кои беа освоени на домашната сцена, европските натпреварувања и светското клупско првенство.
-Се е во ред со мене. Знам дека можевме да освоиме повеќе, но не можам тоа да го променам. Можевме да триумфираме и помалку. Да не се биде шампион со бод не е големо искуство, но тоа е искуство. Не можев да направам ништо поинаку во овие моменти. Кога не даваме гол против Сити кога топката не беше преку линијата, а потоа Агуеро постигнува гол против Барнли кога е веднаш над линијата. Тоа не е моја вина.
-Можевме да освоиме повеќе Лиги на шампиони. Да се биде во три финалиња е извонредно достигнување. Има големи шанси да го загубиш финалето, тоа е така. Реал Мадрид, тие секогаш наоѓаат начин да го освојат. Се обидовме повторно. Не би бил среќен ако мислев дека можам да направам повеќе. Не можев повеќе. Можеше ли некој друг да направи подобро? Евентуално. Но, не јас и добро ми е со тоа. Тоа ќе биде оценето од луѓето и повеќето се во ред со тоа, -порача Клоп.
-
Италија16 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија17 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија17 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија17 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет14 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија11 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија10 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)