Поврзете се со нас

Англија

Бесната реакција на Де Хеа по новиот потоп на „Олд Трафорд“ стана топ тема кај фановите на Јунајтед (Видео)

Објавено

на

Фановите на Манчестер Јунајтед мораа да се помират со уште еден болен дерби пораз на домашен терен, овојпат во градската пресметката со Манчестер Сити која беше максимално едносмерна на „Олд Трафорд“.

Гостите од „Итихад“ доминираа во секој поглед и не дозволија најмал простор за игра од тимот на Оле Гунар Солскјер, максимално контролирајќи ја ситуацијата од почетокот до самиот крај.

Кратките додавања и брзата игра беа нерешлива енигма за домаќините и Давид Де Хеа имаше навистина тешка задача во првото полувреме, во кое покрај тоа што прими два гола, спречи уште најмалку два или три со добри интервенции.

Шпанецот имаше извонредни потези во овој дел од играта, но за жал, беше еден од виновниците за вториот примен гол пред крајот на првиот дел, што направи една негова реакција да стана вирален хит.

Присутните навивачи на „Олд Трафорд“ открија каква бесна реакција имал Де Хеа при влегување во тунелот, а многумина од фановите се пронајдоа себеси во експресијата на Шпанецот кој доби огромна поддршка на социјалните мрежи.

Неколку часа по дербито, Де Хеа испрати и разочарувачка порака на Твитер, порачувајќи дека е „повреден“ од новиот пораз во дербито.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни