Поврзете се со нас

Англија

Бербатов стравува од втор случај „Ван де Бек“: Тоа ќе биде навистина тажно за клубот

Објавено

на

Дони Ван де Бек доживува катастрофа на „Олд Трафорд“ и втора сезона по ред се наоѓа во незавидна ситуација, а додека Холанѓанецот се подготвува за трансфер во зимскиот преоден рок, легендарниот Димитар Бербатов стравува дека може да видиме и втор случај како оној на играчот за врска.

Манчестер Јунајтед инвестираше огромна сума на пари во Џејдон Санчо и англискиот фудбалер беше убедливо најскапо засилување за клубот во изминатиот летен преоден рок, но досега, не само што не ја оправдува цената, туку крилниот играч нема никаков учинок во првиот тим на Оле Гунар Солскјер.

Дел од експертите бараат да се има трпение со Санчо кој го загуби и статусот на репрезентативец, но Бербатов стравува дека ќе нема враќање назад доколку продолжи ваквиот тренд до крајот на сезоната.

– Понекогаш клубовите сакаат да купат играч по секоја цена. Притискаат за него, трошат многу пари и на крајот обично го добиваат. Но, за тие играчи, почетокот секогаш е многу тежок и не е лесно да имаат влијание во тимот. Тоа се случува и со Санчо.

– Искрено се надевам дека набрзо ќе се промени ситуацијата и дека се ќе дојде на свое место за двете страни. Ако се суди во овој момент, големото засилување не функционира. Прерано е да се суди дали ќе успее во клубот, но ако продолжи вака и ако приодолжи да не игра, може да стана втора приказна „Дони Ван де Бек“. Тоа би било навистина тежно, Јунајтед потроши многу пари за него. Мора да се најде итно решение по брза постапка, инаку работата може да тргне во погрешна насока, – вели Бербатов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни