Поврзете се со нас

Англија

Артета со прв коментар за загубената битка на Арсенал за Мудрик

Објавено

на

Победата на Арсенал над Тотенхем ги зацврсти „топчиите“ на првото место во Премиер лигата, а менаџерот Микел Артета е импресиониран од залагањето и ефектот на своите фудбалери.

Дерби триумфот сепак не го засени целосно трансферот на Михаило Мудрик во градскиот ривал Челси, кој долго време се сметаше за сигурно засилување на Арсенал, за на крајот да го избере тимот од „Стемфорд Бриџ“.

Артета по натпреварот бил расположен за комплименти, а потоа и краток на прашањето за загубената битка за Мудрик.

– Задоволен сум со фудбалерите со кои располагам, – кратко одговорил менаџерот на Арсенал.

– Што се однесува до предноста од осум бода во однос на второпласираниот тим, мора да бидеме свесни дека дотука дојдовме со помош на играта која ја прикажуваме.

– Мора да продолжиме вака, бидејќи имаме простор и можност дополнително да напредуваме, – вели Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни