Поврзете се со нас

Свет

Анри убеден дека Меси не е најдобар фудбалер со кого играл во иста екипа

Објавено

на

Француската фудбалска легенда Тјери Анри ги изненади фановите со одговор на прашање поврзано со неговата професионална кариера.

Анри бил гостин во студиото на „Си-Би-Ес“ како стручен коментатор на натпреварите од Лигата на шампионите, па од водителката бил прашан кој е најдобар фудбалер со кој настапувал во ист тим и делел иста соблекувална.

Французинот без многу размислување се одлучил за екс фудбалер на Арсенал.

– Денис Бергкамп! Да, дефинитивно е Бергкамп, – рекол Анри, потврдувајќи го одговорот откако водителката го потсетила дека играл и со Меси во Барселона.

Анри му беше соиграч на Холанѓанецот од 1999 до 2006 година во дресот на „топчиите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни