Поврзете се со нас

Репрезентација

Ангеловски со порака до Барди: Сите сме со тебе, без тебе не тргнуваме за Букурешт!

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација доби лоши вести пред завршните подготовки за Европското првенство и тоа вести поврзани со еден од нашите најдобри, најважни играчи Енис Барди.

Барди доби позитивен тест на КОВИД-19 и сега е во изолација, а позитивно е тоа што нема симптоми и во добра здравствена состојба. Сите во нашиот табор се надеваат дека Енис брзо ова ќе го надмине и ќе биде достапен за историскиот настап на ЕП каде во групната фаза ќе се соочиме со Австрија, Украина и Холандија.

Селекторот Игор Ангеловски по оваа нова вест се огласи на социјалните мрежи каде му испрати јасна порака со поддршка на фудбалерот на Леванте.

-Сите сме со тебе Енис Барди. Без тебе не тргнуваме за Букурешт, – порача Ангеловски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни