Поврзете се со нас

Италија

Андреа Пирло ќе се обиде да го ангажира фудбалерот за кој се интересираше и Сари

Објавено

на

Од редовите на Јувентус би можеле повторно да се насочат кон Челси и да притискаат за ангажман на еден фудбалер на „сините“ од Лондон.

Станува збор за Жоржињо, фудбалер кој долго време се поврзуваше со Јувентус кога на клупата на италијанскиот тим се наоѓаше Мауирисио Сари.

Првична желба на Пирло ќе биде ангажман на Мануел Локатели кој во редовите на Сасуоло се наметна како еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во Италија.

Сепак, од Јувентус не се подготвени да издвојат 40 милиони евра колку што бара Сасуоло за услугите на поранешниот фудбалер на Милан, па како „план Б“ опција е ангажманот на Жоржињо.

Што се однесува до Жоржињо, тој има уште две години од договорот со Челси, меѓутоа би бил отворен за враќање во Серија А откако неговата минутажа на „Стемфорд Бриџ“ е прилично лимитирана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни