Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Јас не сум му татко на Бејл, Азар не е задоволен

Објавено

на

Карло Анчелоти направи најава за малото градско дерби против Рајо Валјекано кое се игра утре во шпанската престолнина, а пред кое коментира две ситуации на двајца фудбалери кои во не толку далечно минато имаа статуси на мега фудбалски ѕвезди.

Герет Бејл и Еден Азар се соочуваат со тешки моменти во Реал и се далеку од играчи кои имаат улоги на стартери, но она што го привлече вниманието кај првиот е фактот што е селектиран од страна на Велс, иако цели два месеци нема заиграно за Реал.

Бејл нема настап за тимот на Анчелоти од месец септември, но ќе оди да и помогне на селекцијата наредната седмица, откако добил зелено светло од лекарите за играње, иако во меѓувреме ниту еднаш не се најде на теренот.

– Прво и основно, јас не сум му татко на Бејл и не можам да го бранам од вас новинарите. Сите знаеме дека последниот период за Бејл не е добар во клубот, но никој не смее да заборави што направи тој за Реал. Во 2014-та година ни помогна да ја освоиме Лигата на шампионите, потоа истото го направи и со Зидан во финалето против Ливерпул. Навивачите не треба да го заборават тоа. Не минува низ најдобар момент, но мора да имаме верба во него. Доби повик од селекцијата и мора да оди. Доби дозвола од лекарите за играње и мислам дека ќе игра со репрезентацијата. Никој нема да презима ризици, ако може да игра, ќе игра за Велс, – изјави Анчелоти, кој потоа се осврна на Азар.

– Азар не е среќен и не е задоволен од својата ситуација. Тој поседува неверојатен квалитет, се однесува максимално професионално и тренира одлично. Заслужува да има минути и ќе има набрзо. Мора да има верба, мора да верува дека ќе биде важен за нас. Најважно е да биде „запален“ и подготвен за игра. Не знам дали ќе игра утре од почеток, но минути ќе добие, – најави Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни