Поврзете се со нас

Шпанија

Алонсо: Да бидам тренер на Реал? Уште сме во септември…

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04_en

Чаби Алонсо својот прв значаен тренерски предизвик во има во Германија и тоа во редовите на Баер Леверкузен, клуб кој одлично го води и има добри резултати особено во оваа сезона која е прва за Шпанецот од самиот почеток.

„Фармацевтите“ се на делба на првата позиција во Бундеслигата, имаа одличен старт во Купот и Лига Европа што доволно говори дека Алонсо има иградено тим кој засега одлично функционира. Неговото име во изминатиов период беше поврзанувано со Реал Мадрид, поточно реномираната „Марка“ пренесе дека токму тој е изборот на Флорентино Перез за наследник на Карло Анчелоти.

Околу оваа тема и самиот Чаби имаше можност да проговори и кратко порача:

-Да го водам Реал? Уште сме во септември, се уште е рано. Останувам фокусиран. Добро ја започнавме сезоната, сакаме играчите да останат фокусирани. Јас морам да бидам прв, да бидам пример.

-Играчите знаат каков е фудбалскиот живот. Ова не е ништо ново. Не сме разговарале за ова, -порача Алонсо.

Инаку Шпанецот е поранешен играч на Реал, а воедно имаше можност и одреден период да работи како тренер во младите категории.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни