Поврзете се со нас

Шпанија

Ал Сад: Барселона го исполни најважниот услов за Чави, нема да му стоиме на патот! (Фото)

Објавено

на

Трите дена изминати во непрекинати преговори ова попладне вродија со плод, откако Ал Сад преку својот извршен директор информираше дека клубот постигнал договор со Барселона за ослободување на Чави Ернандес.

Легендарниот капитен на каталонскиот гигант и дефинитивно доби дозвола да потпише со Барселона и да седне на клупата на „Камп Ноу“, откако во средата самиот информираше дека има огромна желба да се врати во својот дом по незаборавната етапа во Катар.

Оперативецот Ал Тани откри дека Барселона го исполнила најважниот услов за комплетирање на зделката, односно ја исплатила откупната клаузула со која Чави се претвора во нов шеф на стручниот штаб.

– Административцте на Ал Сад постигнаа договор со Барселона за исплаќање на клаузулата која постоеше во договорот на Чави. Постигнавме и договор за соработка во Барселона во иднина.

– Чави е важен дел од историјата на Ал Сад и му посакуваме многу успех. Пред неколку дена не информираше дека сака да се врати во својот дом. Го разбираме и не му стоиме на патот. Неговото семејство секогаш ќе биде добредојдено во Доха, – гласи објавата на Катарците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни