Поврзете се со нас

Евролига

Звезда загуби од најслабиот тим во Евролигата, Реал го доби дербито со Олимпијакос

Објавено

на

Foto:twitter.com/RMBaloncesto

Новата рунда во Евролигата донесе вкупно пет натпревари на програмата овој четврток, а по крајот на истите станува јасно дека Црвена Звезда е се подалеку од плејоф и плејин фазата.

Српскиот великан денеска загуби на гостувањето во Берлин од најслабиот тим во Евролигата, па сигурно поразот од Алба не е нешто што го планираа „црвено-белите“ во обидот да стигнат до двоцифрен број на победи.

Звезда одигра катастрофални три четвртини и му дозволи на домаќинот да го диктира темпото, а во завршниот период само се избори за подостоен пораз од 89:80.

Српскиот претставник остана на девет победи во Евролигата и останува на две помалку од тимот кој моментално е во плејинот (Валенсија), додека за Алба ова беше само петта победа од стартот на сезоната.

Денешната програма во Европа беше завршена со дербито меѓу Реал Мадрид и Олимпијакос, дуел во кој славеше европскиот шампион со 95:90.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни