Поврзете се со нас

Италија

Заморано: Ниту една екипа нема напаѓачи како Интер

Објавено

на

Легендата на чилеанскиот фудбал, Иван Заморано смета дека ниту една врвна екипа во Европа нема напаѓачи како калчолигашот Интер, тим за кој тој своевремено настапуваше.

„Нероаѕурите“ се на првата позиција на табелата во Серија А, а за тоа дефинитивно голема заслуга имаат Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез, а не треба да се заборави ниту Алексис Санчез.

-Видал можеби има 33 години, но ако може да направи разлика, тогаш неговата возраст е ирелевантна. Неговиот договор завршува во 2023 година и се надевам дека ќе го видам како продолжува со нашите клупски бои. Алексис Санчез конечно ја достигна својата врвна форма, физички и психички. Ако е во добра форма, нема кој да го запре. Штета што е само алтернатива и не е прв избор, но тука се Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку.

-Се мачам да најдам друг тим во Европа со тројца такви страшни напаѓачи. Ниту Барселона, Реал Мадрид или Јувентус не можат да му парираат на Интер. Како поранешен напаѓач, би сакал да ги видам сите тројца како играат заедно, но тоа зависи од играта и противникот.

-Лукаку сега е врвен голгетер. Ако зборуваме за чисти шпиц напаѓачи, само Левандовски и Халанд се на негов ниво, -вели Заморано на кого му се допаѓа работата на тренерот Антонио Конте.

-Антонио е вреден работник, така што навистина не ми е грижа дали тој е симбол на Јувентус или што освои многу со нив. Не сакам навивач, сакам тренер, професионалец кој може да го извлече најдоброто од својот тим. Неговата мисија е едноставно да го врати Скудетото во Милано, -заврши Чилеанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни