Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ го среди Беневенто и направи нешто што не му успеа ниту на Батистута (Видео)

Објавено

на

Фиорентина издоминира на гостувањето кај Беневенто и освои важни победи во домашното првенство со победата од 1:4.

Пипо Инѕаги и неговите фудбалери уште долго ќе го паметат Душан Влаховиќ, кој се прикажа во одлично светло и постигна хет-трик уште во првото полувреме.

Ејсерик реализираше за Фиорентина во вториот дел, а Јоница за Беневенто, за конечни 1:4 и значајно оддалечување на „виолетовите“ од опасната зона.

Влаховиќ не само што го постигна првиот хет-трик во дресот на Фиорентина, туку стана и првиот фудбалер на оваа екипа на кого му успеало тоа, по легендарниот Курт Хамрин во 1964 година.

Колку е тешко да се стигне до ваков ефект говори и фактот што и еден Габриел Батистута не успеа да постигне три гола во првиот дел за Фиорентина, иако има запишано пет хет-трика во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни