Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг со јасна порака до најдобриот играч на Јунајтед: Сакаме да станеме најдобар тим во светот!

Објавено

на

Ерик Тен Хаг можеше со свои очи да гледа како напреднуваат неколку играчи од првиот тим на Манчестер Јунајтед во изминатите неколку месеци, но под негово водство, убедливо најдобар во последните неколку месеци е Маркус Рашфорд.

Понесен од одличните настапи кои ги имаше на Светското првенство, Рашфорд се врати од мундијалот со огромна доза на самодоверба и прави разлика на секој натпревар кој го игра Јунајтед, но кога е тој во прашање, Манчестер како клуб ќе мора да направи и важна операција во нареддните неколку месеци.

Пред крајот на 2022-ра година, Јунајтед се заштити такашто автоматски му го продолжи договорот на Рашфорд за уште една година (благодарение на клаузулата во договорот), но и во такви услови, меѓусебната соработка во моментов е проектирана до 2024-та година.

Со оглед на формата, никој во Манчестер не сака да дојде до ситуација останатите клубови во Европа да испраќаат понуди за него, па Тен Хаг реши да изврши притисок до својот најдобар фудбалер, порачувајќи му дека Јунајтед е најдобро место и најдобро опкружување за него.

– На прво место е тоа што мислам дека и тој сфаќа дека Манчестер Јунајтед е неговиот клуб. Мислам дека тој го игра најдобриот фудбал поради ова опкружување во Јунајтед.

– Исто така, убеден сум дека ова е најдоброто место за него, нема да најде подобро. Го велам ова бидејќи ние сакаме да го изградиме најдобриот тим. Сакаме да бидеме најдобри во Англија, потоа во Европа, а на крајот и во светот. Тој напредна многу со нас и потребен ни е за во иднина, – вели Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни