Поврзете се со нас

АБА лига

Сутјеска демонстрираше сила против непрепознатливиот ТФТ

Објавено

на

ТФТ Скопје има далеку полош старт на сезоната од она што можеше да се очекува, па по поразот од Пелистер во македонското дерби во регионалната АБА 2 лига, сега пристигна уште потежок удар.

Тимот од Тафталиџе доби кошаркарска лекција на гостувањето во Црна Гора и не делуваше како ривал кој може да и парира на Сутјеска, па оттаму и разликата од неверојатни 30 поени.

Поразот од 99:69 е јасен одраз за разликата во квалитетот меѓу двата тима во овој момент, но и самодовербата кај играчите кои пристигнаа на овој меч во сосема поинакво расположение.

Сутјеска е во серија од четири победи во низа, додека по поразот од МЗТ во домашното првенство, ТФТ забележа втор пораз во АБА 2 лигата, а победи само против Чаир во неочекувано неизвесен меч.

Овие резултати се јасен сигнал дека ТФТ е далеку од нивото кое беше минатата сезона, но причина за тоа се и повредите и транзицијата низ која минува тимот со доста млади играчи во ростерот на Боро Смилковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни