Поврзете се со нас

НБА

Судиите го налутија Леброн на неговиот роденден: Ова и Стиви Вондер можеше да го види (ВИДЕО)

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс во еден драматичен меч доживеа пораз од Минесота Тимбервулвс од 108:106, меч во кој на крајот имаше контраверзна, дискутабилна одлука која беше и пресудина околу конечниот резултат, победникот.

Имено Леброн Џејмс успеа да постигне кош на три секунди до крајот, кош кој требаше да значи изедначување на резултатот (107:107), меѓутоа судии и со снимките пресудија дека „кралот“ не постигнал тројка и дека се тоа два поени.

Ова дефинитивно ги полуде Леброн кој покажува кон екранот дека се е чисто и дека тој шут е за три поени, ама неговите забелешки не помогнаа за да по крајот на натпреварот испрати нова порака како на новинарите така и на јавноста преку социјалните мрежи.

-Секако дека е тројка. Мојата нога беше зад линијата. Можете да го видите просторот помеѓу предниот дел на моето стапало и линијата за три поени. Можете јасно да го видите дрвото на подот меѓу предниот дел на мојата нога и линијата за три поени. Шампион, Стиви Вондер можеше тоа да го види. Некој таму што јаде сендвич со шунка донесе одлука, -порача ѕвездата на Лејкерс на кого со ова му беше расипан 39 роденден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни