Поврзете се со нас

Репрезентација

Стојановски: Сите сме сплотени, ќе постигнеме поволни резултати

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација ги продолжува подговотвките за двата дуели со Ерменија и Грузија, дуели од групата Ц од новото издание на Лига на Нации.

Овие средби се играат на 5 и 8 септември, а во нашиот табор се оптимисти дека со добра, квалитетна игра ќе се постигнат посакуваните резултати што пак треба да ја подигнат атмосферата пред октомврската плејоф пресметка со Косово.

-Македонија игра колективно, сплотени сме и сметам дека може да постигнеме поволни резултати. Уверен сум дека секој од нас е подготвен и сигурен сум дека сите ќе бидеме на висината на задачата, -порача напаѓачот Влатко Стојановски.

Изјава – Влатко Стојановски

Влатко Стојановски: Македонија игра колективно, сплотени сме и сметам дека може да постигнеме поволни резултати. Уверен сум дека секој од нас е подготвен и сигурен сум дека сите ќе бидеме на висината на задачата“.#НапредМакедонија | #СегаЕНашеВреме | #МКД

Gepostet von Фудбалска Репрезентација на Македонија am Dienstag, 1. September 2020

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни