Поврзете се со нас

Лига Европа

Спалети за стилот на игра со Барселона: Не сакавме да го разочараме Марадона

Објавено

на

Наполи доживеа елиминација во Лига Европа по вчерашниот пораз од Барселона во Неапол, а тренерот Лучијано Спалети смета дека неговиот тим направил повеќе грешки од противникот и тоа било пресудно на средбата.

По поразот со резултат 2:4, Спалети истакнал дека свесно решил неговиот тим да игра офанзивно и да ризикува, и покрај фактот што во Барселона двете екипи ремизираа.

– Мора да бидеме искрени, тие направија помалку грешки при поседот на топката.

– Во моментот кога намаливме од пенал и се вративме во натпреварот, примивме гол од нигде-никаде и тој момент имаше големо влијание за продолжението.

– Ја плативме цената затоа што бевме храбри и игравме офанзивно, иако можевме да се повлечеме и да чекаме контри. Бевме сигурни дека Марадона го гледа натпреварот и не сакавме да го разочараме, – изјавил Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни