Поврзете се со нас

АТП

Синер неизвесен за четвртфиналето во Мадрид: Не знам дали ќе продолжам

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/janniksin

Јаник Синер денеска одигра три сета во дуелот со Карен Хачанов и избори четвртфинале на Мастерсот во Мадрид, но засега е неизвесно дали ќе може да се појави на следниот меч.

Италијанецот го загуби првиот сет, по што направи пресврт со два сета кои ги доби со 6:3, за по мечот да признае дека има големи проблеми.

– Мојот физиотерапевт и јас работевме напорно вчера, тоа беше долга ноќ, но тоа е она што го кажува моето тело.

– Најважно е утре да не се разбудам во полоша ситуација, утре ќе одлучам дали можам да играм. Сега не можам да знам што ќе се случува, – рекол Синер.

Противник на Италијанецот во четвртфиналето ќе му биде Оже-Алиасим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни