Поврзете се со нас

Шпанија

Шокантен здравствен билтен: Каталонските медиуми ги пребројаа деновите кои Дембеле ги мина во „болница“ (Фото)

Објавено

на

Барселона планира да му го продолжи договорот на Усман Дембеле и самиот Лапорта откри дека се започнати преговори со Французинот, но навивачите кои постојано го следат великанот од „Камп Ноу“ пробуваат реално да гледаат на работите и не гледаат резон за комплетирање на ваквата зделка.

Како проста и едноставна причина за тоа ги наведуваат непрекинатите повреди кои ги заработува крилниот фудбалер, кој кога се чинеше дека ја залечи тешката мускулна повреда поради која отсуствуваше четири месеци, сега заработи нова.

Барселона вчера информираше дека Дембеле ќе биде во аут уште најмалку три седмици поради повредата која ја заработил на тренинг, пех кој прави Французинот да замине на рехабилитација по 12-ти пат откако пристигна на „Камп Ноу“ во 2017-та година.

Угледните каталонски медиуми одлучија да направат целосен здравствен билтен за повредите кои ги имаше Усман, а истиот е навистина фрапантен и шокирачки, но само ја покажува реалноста за малерозната ситуација со која се соочува некогашниот француски репрезентативец по доаѓањето во Барса.

Во изминатите четири години, со најновиот проблем Дембеле ја заработи 12-та повреда како првотимец на Барса, има пропуштено дури 98 натпервари поради физички проблеми, а од вкупно 239 натпревари, на располагање стоел едвај на 119. Вкупниот збир на минати денови во „болница“ открива дека бил во аут 670 денови, што всушност значи дека Дембеле бил надвор од терените поради повреди речиси две години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни