НБА
Шок за Бруклин: Ирвинг побарал итна размена

Бруклин Нетс долго го толерираше Кајри Ирвинг поради неговите специфични потези и одлуки, а сега НБА ѕвездата изненадувачки побарала трејд до крајот на актуелниот преоден рок.
Ексклузивната информација на американските новинари е вистински шок за фановите на оваа франшиза, а останува да се види какво решение ќе биде донесено наредниве денови.
Ирвинг и пред оваа сезона размислуваше за ваков потег, но остана да ја одработи последната сезона, но сега сака да си оди во одлучувачката третина од регуларниот дел од сезоната.
Бруклин има ефект 31-20 и се најде во лоша серија по повредата на Кевин Дурент, додека Ирвинг сезонава има просек од 27,1 поени, 5,3 асистенции и 5,1 скок.
Ирвинг сезонава беше суспендиран на осум натпревари поради антисемитски испад на социјалните мрежи, а претходно не играше долго поради одбивањето да прими ковид вакцина.
-
Македонијапред 8 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Англијапред 19 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Лига на шампионипред 5 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Германијапред 17 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 16 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 15 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 18 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……