Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Шкендија со четири опции за евентуален противник во второто квалификациско коло за ЛШ

Објавено

на

Шкендија утре ќе го дознае потенцијалниот противник во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, а УЕФА вечерва ги одреди можните ривали на македонскиот првак во следната рунда.

Тетовци ќе ја започнат европската авантура со двомеч против словенечка Мура, а утре е закажана ждрепката и за второто коло, во која очекувано има и поквалитетни екипи.

Шкендија при пласман во второто коло ќе игра против победникот од еден од двомечите Лудогорец (Бугарија)-Шахтјор Солигорск (Белорусија), Малме (Шведска)-Рига (Летонија), Клуж (Романија)-Борац (БиХ) и Ференцварош-квалификант.

Утре нашиот претставник ќе го знае својот пат во првите две рунди, а европскиот настап започнува на 6 или 7 јули со натпревар на домашен терен против Мура, за една недела подоцна да биде одигран реваншот.

Доколку Шкендија не успее да го мине првото квалификациско коло ќе продолжи во Конференциската лига, а евентулна елиминација во второто коло носи место во третото квалификациско коло за Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни