Поврзете се со нас

Европски првенства

Шевченко: Македонија има добар состав, видовте што им се случи на Германците

Објавено

на

Украина е еден од ривалите на македонската репрезентација на престојното Европско првенство, репрезентација со која ќе се соочиме на 17 јуни во Букурешт.

Ова е дуел кој може да биде исклучително важен за двете селекции за конечниот пласман, па иако Украинците на хартија ќе важат за фаворити, нивниот предводник легендарниот Андриј Шевченко нема намера никако да не потцени затоа што е свесен дека знаеме да направиме проблеми како колектив, а најдобар пример за тоа е триумфот над гигантот Германија во квалифиакциите за СП.

-Македонија има многу добар состав. Тоа го потврдија низ патот до ова ЕП, а видовте и што им се случи на Германците на последниот квалификациски меч за СП. Никако не смеат да се отпишат од битката за место во следната рунда, затоа што имаат квалитетни фудбалери кои можат да одиграат добар меч.

-Ние имаме јасна цел – да се пласираме во нокаут-фазата, но нема да биде лесно. Во групата има еден главен фаворит – Холандија, тука е и Австрија која е уште една репрезентација што игра квалитетен фудбал, -истакна Шевченко.

Инаку нашиов национален тим веќе е во Букурешт каде се подготвува за премиерната средба на 13 јуни против Австрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни