Поврзете се со нас

Англија

Сака: Дербито со Тотенхем е повеќе од „финале“ за нас

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Тотенхем денеска го пречекува Арсенал во дербито на Северен Лондон, а двете екипи покрај ривалството денеска ќе играат и за остварување на своите амбиции во актуелната сезона.

Домаќините се борат за место кое води во Лигата на шампионите, додека Арсенал не смее да дозволи грешка во битката за титулата во Премиер лигата.

Бујако Сака ќе биде еден од главните адути на гостинската екипа, а во пресрет на дербито искрено посочил какво значење има овој натпревар за екипата и фановите.

– Секој натпревар до крајот на првенството за нас е како финале, но кога се работи за ова дерби, натпреварот станува уште поважен.

– Знам што значи овој дуел за мене, за семејството и за сите фанови на Арсенал. Зборуваме за нешто повеќе од обична победа, а бодовите ни се неопходни во битката за титулата, – рекол Сака.

Премиерлигашкото дерби денеска започнува од 15 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни