Поврзете се со нас

Шпанија

Рудигер импресиониран од Анчелоти: Никој не направил такво нешто

Објавено

на

Антонио Рудигер добро се адаптираше во својот нов клуб Реал Мадрид, а во интервју за германски „Спорт1“ зборувал за соработката со тренерот Карло Анчелоти и импресионираноста од еден негов потег.

Германскиот репрезентативец открил дека тренерот на Реал ненајавено го посетил во неговиот семеен дом, правејќи гест кој дефанзивецот никогаш нема да го заборави.

– Бевме само неколку часа во новиот дом, правевме скара и ѕвончето на врата зазвони.

– Кога отворив видов дека е Анчелоти, се запозна со моето семејство, ручавме заедно и зборувавме на различни теми.

– Беше многу скромен и реален, мора да признам, никогаш не сум доживеал вакво нешто, ниту еден тренер не направил такво нешто за мене.

– По неколку месеци соработка со него, можам да кажам дека Анчелоти е број еден во однос на комуникацијата со играчите. Пресреќен сум што можам да соработувам со тренер кој освојуваше титули во Лигата на шампионите уште кога јас бев дете, – изјавил Рудигер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни