Поврзете се со нас

Свет

Родриго за препирката со Меси: Реал не ми дозволува да зборувам за тоа

Објавено

на

Реал Мадрид се избори за победа над Наполи во Лигата на шампионите (4-2) и со тоа го задржа 100 процентниот учиноок во групата Ц.

Четири различни играчи се запишаа во листата на стрелци, а еден од нив беше и Родриго кој беше расположен, среќен по оваа партија.

Тој имаше пријателско соочување со новинарите, одговораше на различни прашања поврзани со самиот меч, колегите, иднината на тренерот Карло Анчелоти, но доби и прашање да објасни што се случи со Лионел Меси на средбата меѓу Бразил и Аргентина во квалификациите за Светското првенство.

Напаѓачот и ветеранот влегоа во клинч, медиумите се обидоа да дешифрираат што беше кажано за да сега членот на Реал кратко порача и воедно се пошегува.

Откриена содржината од „жолчната“ караница меѓу Меси и Родриго (Видео)

-Не можам да зборувам за тоа. Реал не ми дозволува, -истакна Родриго и ги насмеа присутните.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни