Поврзете се со нас

Франција

„РМЦ“ и „Ле Паризиен“: Мбапе го напушта ПСЖ во јануари

Објавено

на

Килијан Мбапе го израдува раководството на ПСЖ со одлуката да го одбие Реал Мадрид и да го продолжи договорот, но француските и шпанските медиуми тврдат дека се случил нов пресврт.

Првично информацијата ја објавија „РМЦ“ „Ле Паризен“, а ја потврдува и „Марка“ од свои извори и вели дека Мбапе влегол во конфликт со стручниот штаб и менаџментот и побарал по секоја цена да замине во јануари.

Францускиот репрезентативец има многу замерки за последните одлуки на раководството и стручниот штаб и не крие дека е разочаран од нив, а ситуацијата отишла толку далеку што Мбапе е убеден дека не постои начин за нормализација.

Мбапе во јануари би можел да преговара со повеќе клубови, но јасно е дека ПСЖ би барал голема сума за да му овозможи да го напушти Париз.

Последното лето, Килијан беше пред промоција во Реал Мадрид, но по многу преговори и лобирања, реши да го прифати новиот договор на ПСЖ, со кој неофицијално заработува и по 50 милиони евра по сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни