Поврзете се со нас

Светски првенства

Ришарлисон: Уште не ми е јасно како го примивме голот против Хрватска

Објавено

на

Бразил доминираше и имаше предност до самиот финиш на дуелот со Хрватска на СП во Катар. Но, во финишот на продолжението дозволи противникот да израмни, а потоа загуби на пенали за шокантна елиминација на мундијалот.

Ришарлисон кој беше еден од најважните офанзивни играчи во составот на Тите вели дека се уште не може да поверува како тој и соиграчите дозволиле израмнувачки гол.

– Повторно го гледав видеото и му го покажував на личниот физиотерапевт. Не можам да поверувам што се случи.

– Немам објаснување, никогаш сме немале седум фудбалери на противничката половина, посебно не на четири минути до крајот.

– Навистина не знам, веројатно така требало да биде. Ова болно сеќавање ќе го носиме се додека не освоиме светско првенство, – изјавил Ришарлисон во интервју објавено од ФИФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни