Германија
Реал ја избрал следната трансфер цел, се надева на истиот рецепт како во случајот со Крос

Реал Мадрид трпеливо го засилува својот актуелен тим со помлади фудбалери, а по одличниот потег со Џуд Белингам, следното лето главна трансфер цел на Флорентино Перез ќе биде ѕвезда на Баерн Минхен.
Се работи за Алфонсо Дејвис, фудбалер кој одамна е пикиран од шпанскиот клуб и се чини дека во 2024 година може да прифати нов предизвик во кариерата.
Договорот на канадскиот репрезентативец истекува во 2025 година, па за Реал следното лето е идеална опција за ангажирање на фудбалер кој го зголемил квалитетот на левата страна на теренот.
Реал посакува да го добие Дејвис по истиот рецепт по кој го ангажираше Тони Крос во 2014 година. Тогаш Германецот исто така имаше уште една година од договорот, па Баерн заработи само 25 милиони евра за трансферот, нешто што се покажа како вистинска ситница со оглед на тоа што му понуди Крос на својот актуелен клуб.
Позитивен сигнал за Реал е и фактот што Баерн и Дејвис не се ни блиску до компромис за продолжување на договорот.
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 13 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари