Поврзете се со нас

Евролига

Реал е незадржлив во Евролигата, Басконија им се врати на победите (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Реал Мадрид ја забележаа 22. победа во 25 сезонски натпревар во Евролигата, учинок со кој се убедливо најдобриот тим во ова натпреварување.

Последна жртва на „кралевите“ беше Асвел кој беше совладан во Мадрид со 86:79. Домаќините одиграа колку што им беше потребно за да дојдат до посакуваниот резултат, Јабуселе со 26 поени беше прв стрелец, двоцифрени беа уште Дек со 12 и Кампацо со 10 кошеви.

На другата страна Ли беше автор на 22 поени.

Басконија пак по двата порази од Валенсија и Баерн Минхен, дојде до триумф и тоа во дуелот со Макаби Тел Авив (92:82). Дури шест играчи кај домаќините беа двоцифрени, но лидер беше Хауард со 26 кошеви. Сега шпанскиот тим одново има позитивен биланс, односно сега е на учинок 13-12 со што го зазема 9. место на табелата.

На другите две средби Баерн загуби од Олимпијакос со 72:76, Валенсија пак ја надигра Алба во Берлин со 81:66.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни