Поврзете се со нас

Англија

Првиот човек на Тотенхем: Ангажирањето на Конте и Мурињо беше грешка

Објавено

на

Даниел Леви долго време е највлијателен човек во раководството на Тотенхем, а летово беше актуелен поради мултимилионскиот трансфер на Хари Кејн во редовите на Баерн Минхен.

Навивачите често го критикуваат Леви поради најважните одлуки, вклучувајќи ги и трансферите и менаџерските смени, пред се поради фактот што Тотенхем неам освоено трофеј од 2008 година.

– И јас сакам да освоиме трофеи исто како и фановите. Фрустрацијата прави уште поголем притисок врз мене околу одлуките и тоа не ми се допаѓа, вели претседателот на лондонскиот клуб.

Тотенхем стигна до финалето на Лигата на шампионите под водство на Маурисио Покетино, но подоцна тој доби отказ, а во меѓувреме менаџерската функција ја извршуваа и Жозе Мурињо и Антонио Конте.

– Мурињо и Конте се големи тренери, но веројатно не се за нашиот клуб. Ние сакаме да играме на одреден начин, па дури и ако треба да чекаме подолго време за да освоиме трофеј. Затоа мислам дека одлуката за ангажирање Анте Постекоглу е вистински чекор, – рекол Леви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни