Поврзете се со нас

Англија

Познати имиња се во игра: Кој од нив ќе го наследи Џерард на клупата на Астон Вила?

Објавено

на

Стивен Џерард и официјално е минато за премиерлигашот Астон Вила кој одлучи да се раздели со англиската легенда по убедливиот пораз од Фулам.

Популарниот Стиви Џи веќе некое време „висеше“ на „Вила Парк“, па клубот на крајот се реши да повлече потег по слабите резултати на тимот во актуелнава кампања. Некогашниот ас на Ливерпул не издржа ниту една година на клупата на Вила, тим во кој дојде по успешниот престој во Ренџерс.

Сега составот од Бирмингем е по потрага по нов менаџер, а според медиумте истиот би требало да биде еден од следниве имиња: Маурисио Покетино, Унаи Емери, Мајкл Бил, Томас Тухел, Шон Дајч или Томас Франк.

Астон Вила со 9 бода се наоѓа на 17 позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни