Поврзете се со нас

Италија

Погба се реши да оди под „нож“, виси за СП!

Објавено

на

Пол Погба се уште нема официјален настап за Јувентус по направениот трансфер во текот на ова лето, а причината за тоа е повредата на менискусот на десното колено за време на подготовките за оваа сезона.

Тој потоа се реши за конзервативната терапија за да го реши овој проблем, но по се изгледа истата не го дала посакуваниот резултат и медиумите пренесуваат дека Французинот одлучил да направи операција. Наводно истата е веќе направена и според „Скај Спорт Италија“ тој ќе биде надвор од терените уште најмалку шест недели со тоа што Јувентус со официјално соопштение треба да ги разреши сите дилеми.

Останива да се види дали по ова Пол ќе може да заигра за Франција на престојното Светско првенство во Катар. Неговата желба не е спорна, меѓутоа останува да се види дали состојбата ќе му дозволи да се појави на мудијалот и со соиграчите ја брани титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни