Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер остана без првиот човек во клубот

Објавено

на

Екипата на Пелистер влезе со големи амбиции во оваа натпреварувачка сезона, односно да се освои врвот во домашната кошарка.

Таа цел клубот од Битола ќе мора да ја оствари без првиот човек, првата дама Мери Ковачевска која денеска одлучи да се поднесе оставка од функцијата претседател на Пелистер.

-Јас, Мери Ковачевска, претседател на Одборот на директори на Друштво за спортски дејности Кошаркарски клуб Пелистер, денеска, на ден 03.11.2021 година, ја давам мојата оставка на функцијата Претседател и член на Одбор на директори.

-Причината поради која ја поднесувам оваа оставка се приватните и професионални обврски кои не ми дозволуваат повеќе професионално да ги извршувам обврските на функцијата. Притоа, барам во најкраток можен рок, а согласно Законот за трговски друштва и Статутот на Друштвото, Одборот на директори да ги преземе сите дејствија во насока на престанок на мојата функција“, објави Ковачевска.

Останува да видиме дали ова ќе влијае врз тимот кој во домашното првенство има пет од пет, додека пак во АБА2 лигата во првиот „балон“ запиша една победа и еден пораз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни