Поврзете се со нас

Евролига

Партизан оствари важна победа во Болоња, Олимпијакос подобар од Барса во дербито

Објавено

на

Партизан продолжи со одличните изданија во Европа и е се поблиску до пласман во плејофот во Евролигата, бидејќи вечерва покажа карактер и на гостуваето во Италија.

Виртус Болоња важи за незгоден домаќин на стариот континент, но вечерва момците на Обрадовиќ беа доволно концентрирани во текот на сите четири четвртини и заслужено се враќаат во Белград со триумф.

Партизан славеше со 79:99 и ја запиша 15-та победа во Евролигата, со што љубоморно го брани шестото место кое го има на табелата.

Од вечерашните натпревари во Европа, за издвојување е дербито во Пиреја, каде Олимпијакос како домаќин беше подобар од Барселона.

Грците славеа со 77:70 и се вратија на првото место на табелата, додека Барселона сега е втора со една победа помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни