Поврзете се со нас

Италија

Паратичи стави точка на шпекулациите поврзани со Роналдо: Никогаш не помислив на ова

Објавено

на

Португалскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Кристијано Роналдо изминативе неколку денови е во центарот на вниманието на спортската јавност откако се почесто се шпекулира за неговото заминување од клубот.

По елиминацијата на Јувентус од Лигата на шампионите јасно беше дека сите прсти ќе бидат вперени кон Кристијано Роналдо кој пак изнајде мотивација и со хет-трик во првото полувреме против Калјари успеа бар малку да ги затвори устите кои константно зборуваа против него.

По натпреварот со Калјари за иднината на Роналдо зборуваше и еден од челните лица на Јувентус, Фабио Паратичи.

Паратичи даде краток и јасен одговор на прашањето на новинар на „Скај Италија“ дали Роналдо ќе остане во Јувентус.

– Без сомнеж, -потврди Паратичи, а потоа продолжи: – Ваквите написи ме засмејуваат. Никогаш не помислив дека Роналдо ќе биде ставен во такви дискусии. Зборуваме за играчот кој во моментов е најдобар стрелец во Серија А и има освоено пет Златни топки. Тој веќе има освоено многу титули и привилегија за нас е да го имаме во составот. Ќе останеме со него и ќе уживаме што е можно повеќе, среќни сме што го имаме меѓу нас, -изјави Паратичи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни