Поврзете се со нас

НБА

НБА ги објави учесниците на Ол стар натпреварите во забивање и шутирање тројки

Објавено

на

НБА Ол стар викендот уште еднаш ќе ги собере големите ѕвезди на лигата и ќе биде задолжен да донесе натпреварувачко шоу за фановите.

Асоцијацијата денеска ги објави и учесниците во натпреварите во забивање и шутирање тројки, кои се дел од настанот и секогаш предизвикуваат големо внимание.

Меѓу забивачите очигледно се вклучени млади ѕвезди, а во случајов тоа се Кенио Мартин Џр. од Хјустон, Мек МекКланг од Филаделфија, Треј Марфи од Њу Орлеанс и Џерико Симс од Њујорк.

Многу подокажани имиња се пријавени кај „тројкашите“, па таму за трофејот ќе се борат Демијан Лилард и Енферни Симонс од Портланд, Џејсон Тејтум од Бостон, Тајрис Халибартон и и Бади Хилд од Индијана, Лаури Марканен од Јута, Тајлер Хиро од Мајами и Кевин Хертер од Сакраменто.

Натпреварот во кошаркарски вештини ќе биде пресметка на три екипи, а една од нив ќе биде составена од тројцата браќа Адетокумбо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни