Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Навивач на Њукасл бил прободен и завршил во болница во Милано

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Навивач на Њукасл завршил во болница откако заработил неколку рани по напад со нож во Милано.

Њукасл вечерва ја отвора сезоната во Лигата на шампионите на гостувањето кај Милан, а англиските медиуми денеска информираат за инцидентот кој се случил во централното подрачје на италијанскиот град.

Се работи за 58-годишен навивач кој би пресретнат од поголема група, која го нападнала со ножеви и го испратила во болница.

Англискиот фан имал среќа бидејќи полицијата реагирала брзо и помогнала тој експресно да биде транспортиран во болница, каде добил соодветен третман.

Италијанските медиуми тврдат дека не се работи за класичен хулигански напад подготвен од фановите на противничката екипа, туку за класичен криминален чин на лица кои се обиделе да извршат кражба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни