Поврзете се со нас

Евролига

Нан погоди за победа на ПАО, „црвено-белите“ испуштија солидна предност во Мадрид (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RMBaloncesto

Панатинаикос и Реал Мадрид излегоа како победници во евролигашките натпревари кои се играа истовремено, а на кои заеднички им беше и неизвесната завршница.

Реал Мадрид мораше да прави пресврт против Црвена Звезда во последниот период, но многу подраматично беше во Италија, каде ПАО стигна до победата со поените на Кендрик Нан постигнати со истекот на времето.

Нан ги израдува гостинските фанови носејќи важна победа за грчкиот состав, а натпреварот го заврши со 16 поени. Најефикасен во победничкиот состав бил Слукас со 20 поени, додека кај Виртус, Шенгелија стигнал до 19 поени.

Во Мадрид, Црвена Звезда во третиот период имаше плус 16 при резултат 54:70, но и тоа не беше доволно да стигне до победата против лидерот во Евролигата.

Реал намали во третиот и го доби четвртиот период со 29:19, па на крајот стигна до победа со резултат 101:94, оставајќи го српскиот тим на единаесет победи во европското натпреварување.

Муса со 30 и Хезоња со 20 поени го предводеа Реал, а на спротивната страна најрасположен беше Недовиќ со 30 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни