Поврзете се со нас

АТП

Надал: Бројките се тие, Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња!

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ дојде до уште еден голем резултат во кариерата, уште една грен слем титула и сега е на бројката од 24 со што е осамен на врвот кога е во прашање вечната листа.

Последниот пехар Ѓоковиќ го оствари во Њујорк, а секогаш кога ова ќе се направи, особено кога се рботи за членовите на големата тројка секогаш има многу дебати, коментари, различни коментари за тоа кој е најголем ас на сите времиња.

Ова сигурно ќе се случува и во иднина, но за Рафаел Надал нема дилеми дека Ноле е број еден во историјата ако се гледаат титулите.

-Бројките се бројки, статистиката е незапирлива и во таа смисла Новак има подобри бројки од моите, тоа е неспорно. Немам доволно големо его за да се обидам да ја прикријат реалноста или да ја претставам како нешто друго. Ова е вистината. Останатото е вкус, инспирација, начин на интерпретација, без разлика дали ви се допаѓа едното или другото. Што се однесува до титулите, Ѓоковиќ е најдобар во историјата и нема за што да се расправаме.

-Му честитам на Ѓоковиќ за се што постигна. Тоа го кажав кога бев тенисер кој освои најмногу слемови, истото го кажав и кога бевме изедначени и го кажувам сега кога заостанав. Нема да бидам тој кој се обидува преку лична борба да посака да биде она што не е, -порача Рафа преку „АС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни