Поврзете се со нас

АТП

Моја откри зошто Надал веднаш тренираше по маратонското финале во Мелбурн (ВИДЕО)

Објавено

на

Најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал дојде до 21. грен слем титула во својата кариера и тоа откако во еден драматичен меч во пет сета и по повеќе од пет часа славеше над Данил Медведев.

Надал губеше со 2-0, имаше многу проблеми во третиот сет, но откако ги надмина истите, се издигна и успеа да дојде до победа, резултат со кој испиша нова стреница во историјата на машкиот спорт. Од финалето во Мелбурн поминаа неколку дена, но тоа и понатаму е топ тема во светот на тенисот, па така тренерот на бикот од Мајорка, Карлос Моја направи кратка анализа на случувањата во Австралија.

-Мислам дека ова не е последниот грен слем на кој го гледам како победува. Свесен сум кој е Рафа и што има направено во историјата на тенисот. Тој е еден од омилените играчи на секој турнир на кој се појавува. Со Надал никогаш не се откажувам од ништо, не влегуваме на ниту еден турнир мислејќи дека нема шанси да го освоиме.

-Има моменти кога можеби не е прв фаворит како што беше случајот на овогодинешниот Австралија Опен. Тој дојде во Мелбурн по неколкумесечна пауза поради повреда, КОВИД… Имаше многу работи кои му го отежнаа настапот, но тоа е Рафа и никогаш не можете да го отпишете. Со него се е можно, -рече Моја кој го искоментира видеото кое се појави веднаш по финалето и на кое се гледа како Надал вози статичен велосипед по маратонската битка со Медведев.

-Тоа е она што го правиме по секој натпревар. Да се смириме после напнатоста. Тоа се 10 или 12 минути многу лесно возење за малку да ги опуштите нозете. Не бевме свесни дека тоа не го знаат насекаде низ светот и дека ќе привлече толку големо внимание – изјави некогашниот најдобар играч на светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни