Поврзете се со нас

Англија

Матеус: Кејн ќе им недостасува на англиските фанови, Белингем игра поинаку…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Хари Кејн и Џуд Белингем дефинитивно се двајцата најдобри англиски играчи во оваа сезона, асови кои блескаат во германскиот и шпанскиот великан, Баерн Минхен, односно Реал Мадрид.

Двајцата редовно даваат голови, ги носат своите екипи, па легендарниот Лотар Матеус имаше што да каже за двајцата.

-Прекрасен трансфер! Не само за Баерн Минхен, за Бундеслигата, за Германија. Мислам дека на англиските фудбалски навивачи ќе им недостасува Кејн во Премиер лигата бидејќи постигнува неверојатни голови! Тоа е нов рекорд во Германија, во историјата, -рече Матеус кој потоа говореше и за Џуд од кого е изненаден како игра во Шпанија.

-Малку сум изненаден од тоа колку голови има постигнато. Тој игра малку поинаку. Во Дортмунд беше лидер – на млада возраст има голем притисок на неговите рамена. Другите тимови би можеле да кажат: „Ако го извадиме Белингем, Дортмунд беше само 50 отсто“. Но во Реал Мадрид ако можат да го извадат Белингем, имаат уште седум или осум играчи кои имаат сличен квалитет како Белингем, ама на поинаков начин. Така можеби му е полесно да игра во Реал Мадрид отколку во Борусија Дортмунд, бидејќи соиграчите го прават тоа подобар, -порача Лотар за „Дејли Мејл“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни