Поврзете се со нас

Свет

Маркињос: Ситуацијата беше застрашувачка, бевме загрижени за жените и децата на трибините

Објавено

на

Бразил и Аргентина ги одмерија силите во квалификаците за Светското првенство, средба во која гостите славеа со 1-0 со погодокот на дефанзивецот Отаменди во второто полувреме.

Меѓутоа играта на теренот и конечниот резултат останаа во сенка на тоа што се случуваше пред самиот почеток на мечот каде дојде до нереди, конфронтација на трибините меѓу бразилската полиција и аргентинските навивачи.

Токму поради ова беше одложен и стартот на мечот со оглед на тоа што имаше сериозни инциденти, поточно ситуацијата не ја смирија ниту играчите. Присутен беше и капитенот на домаќините, Маркињос како и Меси и компанија, ама требаше доста време да се намали тензијата, поточно да се воведе ред, мир при кој имаше и повредени.

-Бевме загрижени за семејствата, жените и децата што ги видовме во паника на трибините. На теренот ни беше тешко да разбереме што се случува, ситуацијата беше застрашувачка, -истакна Маркињос кој беше меѓу првите кој истрча и побара мир на трибините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни