Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед повторно планира шопинг во Ајакс

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед инвестираше сериозна сума пари во неколку засилувања од Ајакс, но иако фановите посебно се разочарани од играч како Антони, менаџерот Ерик тен Хаг планира нов шопинг во холандскиот клуб.

Поранешниот тренер на Ајакс сега сака да го доведе талентираниот Брајан Броби, кој се истакна со својот квалитет во редовите на холандскиот великан, а би можел да биде едно од првите засилувања во ерата на новиот косопственик Џим Ретклиф.

Тен Хаг сака да го добие Броби уште во овој преоден рок, а за фудбалерот тоа би бил нов обид да се докаже надвор од својата земја, откако имаше кратка неуспешна епизода во РБ Лајпциг.

Германскиот новинар Флоријан Плетенберг тврди дека и самиот Броби посакува да соработува со Тен Хаг и се надева на вакво сценарио, додека Ајакс ќе може да заработи солидна сума за играчот чиј договор истекува во 2027 година.

Броби има 101 настап во дресот на Ајакс, постигнал 40 голови и има 11 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни