Поврзете се со нас

Репрезентација

Лига на нации за жени: Косово им го нанесе вториот пораз на нашите фудбалерки

Објавено

на

Foto:ffm.mk

По поразот од Бугарија пред еден месец, македонската женска фудбалска репрезентација го претрпе и вториот неуспех во Лигата на нации, овојпат од селекцијата на Косово.

Натпреварот се играше во Скопје во тренинг комплексот Петар Милошевски, а како клучно се покажа првото полувреме во кое гостинките ја направија одлучувачката разлика.

Репрезентативките од Косово постигнаа два гола преку Лимани и Халилај, позитива која се покажа како прекомотна за безбедно привршување на мечот и покрај тоа што нашите фудбалерки се обидоа да одговорат.

Без Наташа Андонова во тимот нашата селекција дефинитивно не изгледа исто, па тоа се одрази и на теренот каде фудбалерките едноставно немаа добри решенија во нападот.

Косово со оваа победа се искачи на првото место во групата 5 на Лигата на нации, додека Македонија е последна со биланс од два порази на два меча.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни