Поврзете се со нас

Германија

Левандовски: Не можете да ме споредувате со Халанд

Објавено

на

Роберт Левандовски веќе со години е еден од најдобрите светски напаѓачи и својот квалитет го потврдува од сезона во сезона и игра клучна улога во сите успеси на Баерн Минхен.

Негова најголема конкуренција во Бундеслигата дефинитивно е Ерлинг Халанд кој откако дојде во Германија експлодираше во дресот на Борусија Дортмунд, па често можеме да видиме како Норвежанецот го споредуваат со ѕведата на баварците.

Тоа не му се допаѓа на Левандовски затоа што смета дека се работи за два сосема различни играчи.

-Халанд е различен тип на играч од мене. Тој е силен, брз, физички моќен. Неговата игра се заснова на тоа. Имам различни квалитети. Ние не знаеме како ќе се развива. Само затоа што некој има огромен потенцијал не е гаранција дека ќе биде ѕвезда уште многу години. Не ми се допаѓаат споредбите на  33-годишник со 21-годишник. Секој има свој развој. Но Халанд е одличен играч и задоволство е да го гледам, се разбира,- изјави Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни