Поврзете се со нас

Италија

Легендарниот Такинарди распали по Роналдо: Треба да им се извини на фановите на Јувентус!

Објавено

на

Кристијано Роналдо наиде на серија критики во изминатите неколку дена во италијанската спортска јавност, не само поради тоа што Јувентус беше елиминиран во Лигата на шампионите, туку и поради фактот што директно влијаеше за да се случи такво нешто.

Португалската ѕвезда реагираше катастрофално во живиот-ѕид при слободниот удар на Оливеира по кој Порто го постигна клучниот гол во дополнителните 30 минути игра, а ако на почетокот јавноста се фокусираше на изјавите на Фабио Капело и Алесандро Дел Пјеро, сега се јави и легендарниот играч за врска на италијанскиот прва, Алесио Такинарди.

Неуморниот играч за врска мина незаборавни 13 години во Торино и беше дел од историскиот тим кој ја освои Лигата на шампионите, а како фудбалер со такво педигре, сега побара одговорност од најголемата ѕвезда и му порача на Роналдо дека треба да им се извини на фановите на Јуве.

– Кристијано одмораше против Лацио со цел да биде свеж за Порто, нема никакви оправдувања за натпреварот кој го одигра. Киеза имаше смелост и се појави да збори пред јавноста, но Роналдо никаде го немаше, јас го чекав него. Треба да им се извини на фановите на Јувентус, – потенцира Такинарди во изјавата за „ТМВ радио“, па се осврнува на катастрофалната тимска игра на Јуве.

– Не можев да замислам дека Јувентус ќе игра толку лошо, особено во првото полувреме. Толку важен испит се подготвува и се пречекува на поразличен начин. Се прашувам следното: Како е можно така да излезете на теренот после поразот на првиот меч? Имаа шанса да ги потопат, но наместо тоа, одиграа очајно прво полувреме. Не смееја да пропуштат ваква шанса, – завршува Такинарди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни