Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров: Турците ќе фрлат се на една карта, ама ние сме подготвени да одговориме

Објавено

на

Македонската сениорска ракометна репрезентација имаше успешен старт на квалификациите за пласман на Европското првенство, но тој триумф над Луксембург е веќе зад нас и сега фокусот е на мечот со Турција закажан за в недела од 16 часот во Ван.

Тој е дуел и нов тест за новата подмладена Македонија, предизвик за кој според селекторот Кирил Лазаров ќе бидеме подготвени да одговориме.

-Имам неколку дилеми, треба да се одлучам во текот на денот во кој состав ќе отпатуваме. Повреден е Стојковиќ кој ќе остане во Скопје, со Манасков треба да го одработиме последниот тренинг, покажува позитивни знаци и се надевам ќе биде достапен. Работиме и тренираме добро, има позитивна атмосфера во репрезентацијата, не сакам предвреме да зборувам, но верувам ќе одиграме квалитетен натпревар. Ама мора да бидеме претпазливи, ова е нова генерација, нова Македонија, ќе видиме како ќе реагираат пред полна сала на гостински терен, со поголем притисок. Имам позитивни вибрации и верувам ќе одиграме квалитетен натпревар, -истакна Кире за кого не е изненадувае високиот пораз на Турците од Португалија.

-Португалија е во Топ 8 селекции во Европа и во светот, мислам дека Турците калкулираа. Тие беа свесни дека немаат што да бараат во Португалија, својата шанса ќе ја бараат против Македонија на домашен терен. Тие два бода многу би им значеле за пласман на големо натпреварување по подолго време. Тие ќе фрлат се на една карта, ама ние стратегиски, тактички, психолошки, физички ќе одговориме. Ама мора тоа да го одработиме на жешкиот терен во Турција, -заклучи Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни