Поврзете се со нас

Европски првенства

Квалитетен состав: Најдобрите единаесет кои ќе го пропуштат ЕП

Објавено

на

За два дена почнува 16. Европско фудбалско првенство, голем настан од кој за првпат дел ќе биде и нашата репрезентација.

Од 11 јуни до 11 јули не очекуваат многу возбудувања во 11 градови домаќини, а желбата е секако да гледаме квалитетен фудбал со многу голови, атракции, убави моменти. Меѓутоа ова првенство ќе го пропуштат и добро познати имиња од различни причини како на пример повреди, нивните селекции немаат обезбедени виза или пак едноставно не се повикани во селекции од селекторите.

Угледниот „Л’Екип“ направи еден состав од фудбалери кои нема да се појават на терените, односно најдобра единаесетка во која се најдоа следниве имиња:

Голман: Јан Облак (Словенија).

Одбрана: Трент Александер Арнолд (Англија), Серхио Рамос (Шпанија), Вирџил ван Дајк (Холандија), Тео Ернандез (Франција).

Средина терена: Доминик Собослаи (Унгарија), Едуард Камавинга (Франција), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија), Марко Ројс (Германија).

Напад: Златан Ибрахимовиќ (Шведска), Ерлинг Халанд (Норвешка)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни